no,ar,de,en,pl,so,is,fi,mk

УМЕТНИЧКИ ПРОВАЈДЕР

Уметничкиот провајдер е координатор на уметничките искуства кој ги резервира настапите и има контакт со училиштето за практични и логистички аспекти. Тие обезбедуваат информации и поддршка на Контактот за Култура во училиштето и може да организира курсеви за Тимот за Култура или да им обезбеди неопходни материјали за курсеви. Еве неколку совети кои можете да ги разгледате:

1. Курсеви за Културниот клуб на ученици 

Организирајте курс за Културниот клуб 
  • Организирајте целодневен курс за Културниот клуб и направете ја оваа прилика посебна. Ставете акцент на тоа колку е значајна и посебна улогата на членовите на Културниот клуб .Стапите во контакт со училиштата од истата општина или регион и комуницирајте. Пица обично е популарна опција за ваква активност.
  • Поделете ги учениците во групи и дозволете им да истражат специфични области, како на пример вештини за презентација или работа со медиуми. Размислете за создавање на ваш сопствен медиумски тим кој може да информира ученици, да ги рецензира настапите и да интервјуира настапувачи, наставници и ученици. 
  • Искористете ја приликата да разговорите со Контактите за Култура и да им обезбедите можност за размена на искуства и идеи. 
  • Ако е тешко да се искомуницира со сите, зошто да не подготвите курс за истото?  Погледнете пример од Финска подолу. 
  • Можете да прочитате повеќе за тоа како да организирате курс за Културниот клуб подолу. 

2. Поттикнете мрежно поврзување 

Размислете за мрежно поврзување со оние со кои работите. 

Среќавањето со колеги кои имаат иста улога како вас, оневозможува  да се чувствувате сами во оваа улога и ви овозможува да се развивате и растете. Овие средби со колеги даваат  инспирација и енергија која ве поддржува. 

  • Организирајте редовни годишни средби каде што на дневен ред може да биде дискусија за предизвиците, споделување на добри примери/практики/продукции и споделување на информации од уметничкиот провајдер. 

Предлози за оние кои имаат потреба од мрежно поврзување се: 

  • Контакти за Култура во училиштата 
  • Уметнички провајдер во општините или регионите

3. Обезбедете промотивни материјали за училиштата 

Креирајте видео-тизер за наредните настап
  • Побарајте од настапувачите да испратат видео-селфи кој го претставува нивниот настап. Видеото е за наставниците и учениците да го гледаат пред настапот и треба да им даде идеја за она што може да очекуваат.
  • Креирајте видео-презентација на програмата за следната година за наставниците да ја гледаат на почетокот на тримесечието/полугодие или учебната година. 
  • Погледнете совети за креирање на видео-тизер подолу. 
Креирајте шаблон за плакати/постери за наредните настапи 
  • Креирајте шаблон за плакати/постери за поединечни настапи кои училиштата може да ги отпечатат и да ги пополнат со датум, време, одделениа итн. Не потценувајте го влијанието на аналогните плакати/постери.

4. Фокусирајте се на евалуација, повратни информации и акција 

Добивањето на повратни информации е многу тешко во една динамична секојдневна работна рутина, но тоа е ефикасен начин за учење и подобрување на начинот на работа и овозможува преземање на акции кога е потребно. 

  • Креирајте и дистрибуирајте дигитална форма за евалуација за училиштата (целна група: учениците). Објаснете зошто треба да ја пополнат формата и како ќе ги користите резултатите. 
  • Креирајте и дистрибуирајте дигитална форма за евалуација за настапувачите. Објаснете зошто треба да ја пополнат формата и како ќе ги користите резултатите.

Published: 29.01.2024 Updated: 21.02.2024 kl.14:46